Одделението за радиодијагностика во Болница Плодност ја прошири својата дејност, со најновиот апарат за компјутерска томографија Siemens Healthineers Somatom go.

Со него снимањата траат кратко, се добива ултра ниска зрачна доза, а сликите се со високо квалитетна резолуција.
Компјутерската томографија со својата брзина и прецизност, претставува ефективна, неинвазивна метода за дијагностика и контрола на патологии во различни делови на човековото тело. Снимањата може да бидат контрасни или нативни.
Услугите кои што можат да ги добијат нашите пациенти се следни:
Компјутерска томографија на абдомен
Компјутерска томографија на граден кош
Компјутерска томографија на глава
Компјутерска томографија на синуси
Компјутерска томографија на екстремитети
Отсега, компјутерското снимање, може да го изведете и во Болница Плодност, како дел од проширените просторни и медицински услуги.

Закажете термин преку нашите оператори на 047 208 880.