Хит комедијата за деца ,,Далматинко” која насекаде ги полни салите во понеделник 12 -ти февруари доаѓа да гостува во Народен театар Битола во 18 часот.
,,ДАЛМАТИНКО” е детска комедија за сите возрасти.
Претставата ја упатува пораката дека сите деца на овој свет се исти и сите сме заедно како едно.
Низ многу комични ситуации кои се случуваат во домот на Далматинко заедно со кученцето Тошко и тетка Светле, децата ќе уживаат во поучна претстава со многу хумор, музика и интеракција.
Играат:
Магдалена Ризова- Черних
Сашо Ристовски
Бранко Атанасов
Автор и режија: Сашо Ристовски
Сценографија: Диди
Изработка на костим – Далматинко : Раде Василев
Избор на костими: Диди

Билетите се продаваат на билетара во театарот или на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/https://narodenteatarbitola.com/

Претставата е во продукција на Театар ХИТ Скопје, битолската најубава публика децата ќе имаат чест да уживаат во неа и да видат колку е важно да бидеме сите заедно како едно.