Битолчаните CODE 369, кои неодамна потпишаа договор со една од најреномираните дискографски куќи Кроација рекордс, конечно пред битолчани и тоа во рамките на Бит фест.

На концертот кој ќе се одржи на 19.07 на платото пред Офицерскиот дом, ЈОУ Културен и информативен центар со почеток од 21.30, специјален гостин ќе биде Бобан Мирковски.

При потпишувањето на договорот со Кроација рекордс во Загреб, тие го снимија и првиот сингл на хрватски јазик со наслов Права љубав. Тој зборува за безвременоста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста.

Албумот Stages of Love е првиот албум кој го создадоа и снимија како КОД 369 и истиот наскоро ќе биде издаден од страна на Кроација Рекордс.

КОД 369 е формиран во 2020 година. Членови на бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). КОД 369 се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски),

Првиот сингл е со наслов „Остани до крај“, а вториот “Butterflies” е сага и инспирацијата за секој уметник кој сака своите дела слободно да ги твори и да ја подели својата креативна сила за доброто на сите.