cof

Да се биде поинаков. Што тоа значи за Коста Ќука…

 Тој веќе 40 години се бори да докаже дека оној еден хромозом повеќе, не е недостаток туку можеби дар и бескраен стремеж да се биде подобар од сите. Cо неисцрпна енергија тој се труди да докаже дека животот исполнет со делење љубов и насмевки на секого е можен и дефинитивно поубав. Како што убавиот збор му е орудие да омекне сечие срце, насмевката заштитен знак така и фотографскиот апарат му стана алатка да открие уште еден дел од себе, од својата интима, од својата душа. 

Можеби точно моментот „Кога сонцето заоѓа…” е онаа вистинска слика на борбата помеѓу денот и ноќта,помеѓу доброто и злото. Можеби во мрачните сенки на неговите фотографии се скриени неговите стравови, неговото неразбирање на околината . И додека руменилото на небото е надежта дека се ќе биде во ред, дека ке ги избришеме разликите, ќе ги урнеме зидините од предрасуди. 

Некои луѓе не ги забележуваат залезите и за нив сите се исти, но оние што ја бараат убавината насекаде сфатиле дека се разликуваат исто како и ние луѓето. Ние за разлика од нив се разликуваме по внатрешноста, по душата. 

Коста заправо е токму онаа еволуирана душа кон која би требало сите да се стремиме, душа која познава само безусловна љубов. 

Овој пат Коста со своите фотографии, ловејќи го величенствениот момент 

“Кога сонцето заоѓа…” ја дели со вас убавината на својата душа. 

Изложбата е поставена во неговата матична установа – градската библиотека НУУБ св.Климент Охридски во Битола каде што тој работи…