Успешна завршница на европски куп во целина за тимот на КБК Енерџи од Битола на турнирот Сараево Опен во кикбокс . Напредокот е видлив кај сите, покрај Марија која го освои купот Михаил после тригодипна пауза се престави во одлично светло со победа во полуфинале и пораз во финале. Бојан напредува во натпреварите и е се подобар и подобар. Го краси една прекрасна особина, а тоа е беспрекорна упорност и желба за работа и напредок.

Нивното време допрва доаѓа…

Изразуваат голема благодарност за поддршката до Болница Плодност , Портал Кафе, Рудкоп Битола и општина Битола .