Д-р Гоце Наумов археолог и едукатор во музеј на Македонија со голема радост објави дека пелагонскиот локалитет Влахо кај Живојно е најстарата неолитска населба во Македонија, основана дури 300 години порано од останатите. Како што тој самиот наведува резултатите од лабораториските анализи потврдија датирање во 64-от век пред новата ера, што го прави и еден од најраните неолитски локалитети во Европа.

Поопширно за Влахо има во Патримониумот објавен на АКАДЕМИА каде е преставен првиот труд за Влахо, после кој ќе следуваат уште неколку труда во еминетни светски археолошки списанија. Со оглед на тоа што Влахо е на различни начини интересен и специфичен локалитет, најавува дека и понатаму ќе ни ги преставува сознанијата од оваа велелепна неолитска населба.

Ова е еден мал извадок од Патрониумот за Влахо.

Основана на падините на планината Ниџе, односно 1,40 километри јужно од селото Живојно на плочеста платформа формирана од реките Базик и Богат Дол, оваа ранонеолитска населба имала клучна улога во процесот на неолитизација, како во Пелагонија, така и во Македонија. Поради тоа во 2020 година започнаа мултидисциплинарните истражувања на локалитетот Влахо во соработка меѓу Центарот за истражувањена предисторијата и Завод и музеј – Битола, а во кого се вклучени повеќе стручњаци и студенти од Завод и музеј – Прилеп, Универзитетот во Базел, Шпанскиот национален совет за наука, Институтот за старословенска култура од Прилеп, Универзитетот во Белград, Институтот за археологија од Тирана, Археолошкиот музеј на Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“. Овие проучувања континуирано овозможуваат нови податоци за хронологијата, архитектурата, материјалната култура, земјоделството, сточарството и природната околина. Истражувањето на овој исклучително важен локалитет станува уште понеопходно со најавите за можно експлоатирање на јаглен во рамки на неговиот простор, што секако може да доведе до негово оштетување и долгорочно уништување. Затоа, во оваа пригода ќе се направи краток преглед на теренските, кабинетските илабораториските истражувања на Влахо спроведени во 2022 година, додека во следните публикации ќе се приложат дополнителни сознанија од тековното проучување на материјалната култура, хронолошките секвенци, просторното уредувањена населбата, нејзината околина и исхраната нанаселението што живеело во неа. Теренско истражување на Влахово 2022 година Неолитската населба на археолошкиот локалитет Влахо кај село Живојно претставува масивна развлечена тумба со површина од околу 4,5 хектари, додека остатоци од бронзеното време и доцно античкиот период што се регистрираат околу неа, зафаќаат дополнителен простор од ова наоѓалиште. За разлика од 2021 година когаистражувањата на Влахо беа насочени кон утврдување на обемот на неолитската населба и нејзината стратиграфија, во 2022 година ископувањетосе фокусираше на архитектурата и активностите во последните фази на локалитетот, како и надлабочината и густината на археолошките слоевиво нејзиниот централен дел. Овој пристап беше направен со цел да се види на кој начин се организирал животот при крајот на населбата и темелно да се споредува со ситуациите во пораните фази. Затоа, овогодишните ископувања беа поинтензивни во јужната периферија на локалитетот, каде во 2021 година се направија две контролни сонди и се добија информации за целосната стратиграфија во овој дел од населбата. Благодарение на овој претходен увид можеше да се очекуваат архитектонски појави дури и во слоевите веднаш после ораницата. Ваквото присуство на ранонеолитски културни хоризонти после рецентниот слој е мошне ретка појава во Пелагонија, но и воопшто во Македонија, бидејќи локалитетите вообичаено имаат елементи кои може да припаѓаат и на други периоди од предисторијата, а не ретко и на антиката исредниот век. Во случајот со Влахо вакви појави, барем во истражените сонди не се регистрираа, а дури ни рекогносцирањата во рамки на неолитската населба не упатуваат на интензивно присуство на материјал од подецнежните периоди,освен концентрација на бронзено добна и доцноантичка керамика во северната и источната периферија на локалитетот. Поради тоа не изненадува присуството на неолитски архитектонски елементи и материјална култура уште во најгорните слоеви на истражуваните сонди, како во 2021, така и во 2022 година…

Повеќе и извор Академиа

Секоја чест за Д-р Гоце Наумов и неговиот тим