Се започна пет-шест километри пред да стигнеме во близина на градот, каде не запреа 20 автомобили со навивачи кои стоеја со бакљи и го блокираа патот. Потоа во колона пред нас возеа 50-60 автомобили, кои возеа со отворени прозори држејќи бакљи во рацете и свиреа на свирките. Полицијата возеше по страна, но сообраќајните правила не беа запазени, морам да признаам. Кога пристигнавме во центарот, буквално сите луѓе од тој град излегоа на улица и удираа во автобусот, поради големата радост која им ја приредивме. Јас и Себастијан Хенеберг зборувавме дека ова може да се спореди со играњето фудбал во Италија во малку помала верзија. Македонските љубители на ракометот внесуваат сосема различни емоции, него симпатизерите во Данска и на други места каде што сум играл. Овде навивачите и луѓето од клубот со плачење ја слават титулата, со многу емоции.\nКога победивме со Охрид, кога дознавме дека сме шампиони, мислев дека сме направиле многу, но дури кога стигнавме дома во градот, почувствував колку всушност е важно првенството, односно колку многу го израдувавме овој народ. на пет-шест километри пред да стигнеме во близина на градот, каде не запреа 20 автомобили со навивачи кои стоеја со бакљи и го блокираа патот. Потоа во колона пред нас возеа 50-60 автомобили, кои возеа со отворени прозори држејќи бакљи во рацете и свиреа на свирките. Полицијата возеше по страна, но сообраќајните правила не беа запазени, морам да признаам. Кога пристигнавме во центарот, буквално сите луѓе од тој град излегоа на улица и удираа во автобусот, поради големата радост која им ја приредивме.

Јас и Себастијан Хенеберг зборувавме дека ова може да се спореди со играњето фудбал во Италија во малку помала верзија. Македонските љубители на ракометот внесуваат сосема различни емоции, него симпатизерите во Данска и на други места каде што сум играл. Овде навивачите и луѓето од клубот со плачење ја слават титулата, со многу емоции.

Кога победивме со Охрид, кога дознавме дека сме шампиони, мислев дека сме направиле многу, но дури кога стигнавме дома во градот, почувствував колку всушност е важно првенството, односно колку многу го израдувавме овој народ.

Каспер Кисум, ракометар на РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер