Почитувани,

Ве известуваме дека од понеделник ќе може да набавите карти за MusicLand и од билетара на Центар за култура од 11 часот.

За неколку дена започнува натпреварувачкиот дел на фестивалот, а на 14.08 со почеток од 19 часот ќе имате можност да ги гледате најдобропласираните на сцената во Центар за култура Битола, каде ќе изведуваат песни од категорија филм, кабаре, мјузикл и поп песни во придружба на Камерен Оркестар на Битола IWConnect.

Во меѓувреме за сите кои сакате да набавите карти online, тоа може да го направите на следниот линк: https://www.yournextevent.info/event.php?id=50