Камерен Оркестар ⋮IWConnect веќе неколку години со ред е дел од Интернационалниот фестивал MusicLand. Оваа година се одбележува 24-тото издание на овој фестивал, и Камерен Оркестар повторно ќе биде дел од него.

На 14.08.2024 со почеток од 19:00 часот бидете во Центар за култура, Битола, за да ги слушнете најдобрите песни од музика, филм, кабаре и мјузикл, и поп песни во изведба на изведувачи од 17 различни земји и Камерен Оркестар ⋮IWConnect.

Билетите за настанот се пуштени во продажба на следниот линк https://www.yournextevent.info/event.php?id=50 по цена од 400 денари.