Во средата вечерта на 02.11.2022г. во спомен на сите еврејски семејства кои настрадаа во Холокаустот во центарот на Ерусалим беше поставен споменик „Калинка“ на кој како мозаик едно парче до друго ги има сите имиња од Македонија кои настрадаа во Холокаустот.

На настанот под покровителство на Градоначалникот на Ерусалим Моше Леон кој потекнува од Солун и заедно со неговата фамилија имаат корени и од Македонија, беа присутни амбасадорот Дан Оријан надлежен за Балканот, амбасадорите од Македонија Мачеј Качоровски, Србија, Албанија, Босна и др.

На настанот свечен збор даде Градоначалникот на Ерусалим кој истакна за големата поврзаност на евреските заедници од Македонија и Грција кои не смееме да ги заборавиме.

Дан Оријан зборуваше како калинката кое е благослов во еврејската култура и продолжеток од целиот проект за Битола поврзан со Марш на живите и Меморијалниот Парк кај еврејските гробишта и сака да остане како голем спомен во градот кој е свет за сите религии за заедниците кои не смееме да дозволиме да исчезнат и да се заборават.

Во свеченоста се вклучи и внуката на некогашниот управник на битолската болница др. Хаим Абраванел, Рашел Шели Леви Друмер која истакна дека со калинката ќе започне еден нов почеток кој ќе донесе повеќе внимание и со тоа ќе се продолжи и зголеми вниманието кон културно-историското наследство од Евреите во Македонија кое за жал денес во Израел е заборавено.

На свеченоста имаше околу 150 граѓани од кои многу од нив се со потекло од Битола и Македонија, заедно со блиски пријатели на проектот.

Калинката е дело на Зои Север, Игор Сарни и Даниел.