По спроведената анкета на лозаро-винарскиот комбинат Лозар” – Битола за одредување погодно име на киселата вода од изворите во с. Меџитлија, во ресторанот ,,Македонија” на свечен начин беше извршено нејзиното именување. Околу 400 учесници во анкетата предложија 130 различни имиња, меѓу кои ,,Пелистерка“,„Пелагонка”, ,,Хераклеа”, ,,Могилица”, ,,Пелистерски очи” и други.

Најмногу гласови доби ,,Пелистерка”, како што и ќе се вика оваа минерална вода со лековито дејство. Среќниот предлагач, коj беше одреден со жрепка, e Гоце Димовски од Битола. Toj доби награда од 500 динари и комплет производи на Комбинатот.

Експлоатацијата на водата ќе започне уште во почетокот на идниот месец, пласманот сега за сега е обезбеден во Републиката.

Битолски весник, непозната година (1970-80г.)