После барањето на бугарите за влез во амандмано за промена на преамбулата и битолчани поднесоја барање да се внесат во Уставо , односно внатре гордо да стои „кабадаите“.

Ова пишува во барањето упатено до македонската влада, а потпишано од Петре Петровски, универзитетски професор и поранешен пратеник, како и претставници на неколку здруженија на Кабадаите во Битола .

„ Денес ми е куќна слава по презимето Петровден, а утре ми е Именден и заедно со гостите кои го посетија мојот дом развивме дискусија дека сите граѓани и заедници што живеат во Македонија треба да бидат еднакви без никаква дискриминација, а особено во основ на неспоменување на преабулата на Уставот. Ние битолчани сме меѓу првите жители во Македонија, кога Битола беше град Скопје не беше ниту село, за Охрид да не прајме муабет, имаше само тврдина на Самоил…. стои во соопштението.

Барањето е испратено и до Претседателот на РМ, до Собранието, делегацијата на ЕУ во Скопје, до Гоце од работа и други, а во него се наведува дека битолчани активно биле вклучени и во играњето на табла кај Дембел Чаршија, пиењето на кафе на Широк Сокак и скокањето со ластик на еден од денешните големи функционери, да не го спомнуваме кој – срамота да не е (среќа наша најверојатно ќе остани во Скопје)…


Веста е уште една од тие шо се измислени и од рубриката ЛабавО и е само за забава на пошироката народна маса. Другото можи да се речи дека и не е многу измислено, повеќе е вистина се до остварување на големиот сон за Независна Битола