Денеска нашиот сограѓанин Ристо Димитров Чурино работи и живее во Оман ја официјализира соработката со Интернационалната боречка асоцијација (ICA)

Голема чест и задоволство ми е да го објавам партнерството со International Combats Association, кое го официјализиравме денес со нивниот потпретседател Емил Заинетдин, од кој го примив и овој медал во знак на отпочнување на нашата соработка.
На денешната средба разговаравме како можеме со заеднички напори да ги промовираме и да го подобриме
статусот на боречките спортови во нашите земји и како да им помогнеме и дадеме поддршка на младите борци и спортисти.

Од мое име и од име на моите соработници би сакал да им се заблагодарам за укажаната доверба и дадената чест да токму јас бидам избран за нивни партнер и соработник.

Ова ни е уште еден показател колку се можат да постигнат нашите битолчани кога се наоѓаат дури и на илјадници километри подалеку од родниот град.