На 19.07.2024 во изложбениот простор на Музејот – Битола се отвори изложбата „Радост (одбрани етнографски фотографии од браќата Манаки)“ организирана и реализирана во рамките на фестивалот „Илинденски денови“.

Изборот на фотографии и концептот за истата го направи Државниот архив – Одделение Битола (Душан Божиновски; Марија Дурлова; Христина Котеска – Дријовска; Димитар Ѓоргиевски) а идејата ја реализираа Илинденски денови и Центарот за култура Битола.

Изложбата ќе биде поставена во Музејот до 31.07.2024 год.

Фотографии: Катерина Груевски