Денес на 21 јули 2022 година, во 20 часот, во НУ Центар за култура – Битола за време на Фестивалот „Илинденски денови“ Битола беше преставена изложба на фотографии „La Belle Epoque“- Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки
(крај на XIX и почеток на XX век) од богата архива на Државен архив – Одделение Битола .

Беа изложени околу 27 фотографии за кои раководителот Гоце Стојановски на Државен Архив Одделение Битола истакна дека:

„Богатството и колоритот на Фондот Манаки овозможува тематска обработка на нивниот фотографски опус како што во случајот е градската облека – студиска фотографија од крај на 19 и почеток на 20-ти век.

Дејноста на Манаки во турбулентниот период на Балканот го донесе La Belle Epoque во Битола и тој во тие тешки времиња ги натера битолчани да ја заборават сиромаштијата, проблемите, политичките превирања и војни, и да се дотераат и насмевнат пред нивниот објектив.

Во следниот период ќе следи дигитализација на Фондот на Манаки во рамките на Програмата за загрозен архивски материјал кој го спроведува Британската Библиотека и со тоа нивното творештво и Битола ќе ги надминат локалните граници.“

Напомена и дека со изработениот елаборат за валоризација на културно наследство очекуваат наскоро Фондот 580 Браќа Манаки да биди првиот архивски фонд или збирка заштитен како културно наследство од исклучително значење.