ИВ Едукативниот Центар прославува 5 години како лидер во регионот во креирањето на технички талент: Искористете ја можноста да инвестирате во вашето образование и поттикнете го вашиот потенцијал со нашите ексклузивни понуди за годишнината!

ИВЕЦ е водечки ИТ едукативен центар кој оваа година ја прославува својата 5-годишнина,
одбележувајќи пет години извонредност во обезбедувањето на ИТ обуки на највисоко ниво за деца, млади и возрасни. Од 2019 година до денес, постоиме и се насочуваме да постигнеме едукативен процес од кој секој слушател ќе стекне квалитетни, релевантни и препознатливи вештини и компетенции. Постоиме за да го подигнеме стандардот и да создадеме квалитетен и професионален ИТ кадар кој ќе биде спремен да одговори на идните технолошки предизвици. Во текот на изминатите пет години, ИВЕЦ ја имаше привилегијата да едуцира над 3000 студенти во различени ИТ дисциплини. Преку повеќе од 100 специјализирани обуки, ИВЕЦ постојано испорачува висококвалитетно образование приспособено да одговори на барањата на ИТ индустријата. Остануваме посветени и доследни и во наредниот период кој што следи на нашата цел и мисија, со неверојатни понуди на нашите академии продолжувајќи да го правиме висококвалитетното ИТ образование достапно за секого.

Образовни можности за сите возрасти и нивоа на вештини

Од 2019 година, ИВЕЦ се грижи за сите ИТ ентузијасти, нудејќи соодветни ИТ обуки за секоја возрасна група или образовно ниво. Без разлика дали сте почетник кој сака да зачекори во ИТ индустријата или искусен професионалец кој сака да ги подобри и надогради своите вештини, нашата наставна програма е прилагодена на сите. Ние сме тука да ги водиме и да ги поддржиме сите во нивниот раст и развој во светот на ИТ.

5-годишни достигнувања

По повод прославата на нашата 5-годишнина, ИВЕЦ претставува ексклузивна понуда што не можете да ја пропуштите:
• Академии со 500 евра попуст: запишете се на која било од нашите академии– Java, DevOps, QA, Front-End– со извонреден попуст од 500 евра на секоја од нив!
• 5 Бесплатни сесии: ИВЕЦ нуди 5 бесплатни средби во секоја од академиите која ќе ја одберете. Ви нудиме две недели бесплатно учење за да го истражите делот што сте го избрале и да видите дали се усогласува со вашите цели и интереси.

Зајакнување на поединците, градење на технолошка иднина

Посветеноста на ИВЕЦ за градење и поддршка на ИТ ентузијастите не е само преку наставната програма и обуките. Центарот креира поддржувачка и колаборативна средина за учење каде што учениците можат да напредуваат под водство на искусни инструктори кои се експерти во своите област. Оваа атмосфера за соработка го поттикнува учењето на нашите студенти и им овозможува да градат значајни конекции во ИТ заедницата.
Нашата 5-годишнина не означува само значајно достигнување, туку сведоштво за нашата посветеност да им дадеме моќ на поединци од сите возрасти да го прифатат, успешно да влезат и да се адаптираат во светот на технологијата што постојано се развива.

Не ја пропуштајте оваа можност да не запознаете! Посетете ја веб страната на ИВЕЦ на https://iwec.mk/ или јавете се на 072-309 282 за да дознаете повеќе информации за нас и за нашите обуки. Заедно, можеме да придонесеме за постигнување на вашите кариерни цели, да го поттикнеме вашиот персонален и професионален развој.