Денес во 05.25 ч. во тешка сообраќајна незгода на патот Битола Прилеп почина битолчанецот Горан Јосифовски (36), со возило комбе кое од непознати причини излетало од патот.

Горан како тапанар беше повеќегодишен член на групата Екстра бенд од Битола, која пред некоја година ја напушти и реши да му се посвети на фамилијата.

Тој на неговиот фејсбук профил пред неколку дена се збогува од неговиот другар и колега Ице Атанасовски, за сега да се најверојатно заедно таму некаде.

Нека почива во мир, сочувство до фамилијата.