На 29.03.2025 год (сабота) во општина Ѓорче Петров –Скопје се одржа државно првенство за сениор. К.К.“ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА настапи во две категории и тоа во ката тим жени и ката тим мажи . За прв пат после 58 години од кога постои КФМ каратистите од Битолка на пиедестал во сениорска категорија . Битолчани се закитија со два пехари , сребрен и бронзен медал.

Со сребрен медал во ката тим мажи се закитија: Давид Стојчевски, Михаил Марковски и Тони Кулевски додека со бронзен медал во ката тим се закитија : Стефанија Петковска, Леона Алиловска и Емилија Илковска.

Започнуваќи од претходната сезона 2024 год па продолжуваќи сега се нижат успеси со историски пресврт за Битола во КФМ . Горда сум како тренер бидеќи овие резултати кои ги постигнуваме како клуб ја издигнуваат Битола на пиедестал со врвните каратисти во државата“ ни изјави тренер Стевка Јанковска Петковска.