Пред само еден ден, Камерен Оркестар ⋮IWConnect го најави доаѓањето на Schiller – иконата на германската електронска музика – на The Stars Symphony, којшто оваа година се одржува за првпат на градскиот стадион во Битола.

Schiller, или како што е уште познат Christopher von Deylen, е синоним за иновативноста во светот на електронската музика. Неговите композиции ја освежуваат електронската сцена, и создаваат целосно ново музичко искуство.

Во својата кариера, Schiller успеа да издаде многубројни успешни албуми кои се најдоја повеќе пати на врвот на музичките топ листи низ цела Европа. Со песни како „Das Glockenspiel“, „Liebe“ и „I Feel You“, тој ги освои срцата на своите слушатели, а за првпат имаме чест да го слушаме и во Битола на 3 јули.

Дојдете и бидете дел од историјата на музиката со Schiller на The Stars Symphony во Македонија. Не пропуштајте ја можноста да бидете сведоци на еден од највлијателните изведувачи во светот на електронската музика!

03.07.2024, 19:00, The Stars Symphony, Градски стадион, Битола.

За повеќе информации за настанот, како и за билетите, посетете ги профилите на Камерен Оркестар на Facebook и Instagram.