Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 го означува својот нов проект, својот нов почеток. За остварување на целта, која е враќање во СУПЕРЛИГА, тимот му е доворен на легендарно име од нашата историјата. За нов тренер на Еурофарм Пелистер 2 е назначен Александар Зарков.

Зарков по кратката епизода во Грција се врати во Битола и ќе продолжи да работи на проектот со млади ракометари. Тој има акумулирано тренерско искуство во нашите лиги, а посебно во работа со ракометари во развој.

Неговото претставување е предвидено за 24 јули, кога е официјалната прозивка на екипата на Еурофарм Пелистер 2.