Дејан создава музика со душа, инспирирана од животот, борбата и уметноста. Сѐ што слушате е резултат на неговата лична посветеност – компонира, пее, снима и продуцира во домашни услови.
Неговиот најнов проект е double album-от „Црно Оро / Црвен Пламен“, каде песната „Црвен Пламен“ се издвојува како емотивна и силна музичка изјава.
Доколку ви се допаѓа неговата музика, ве охрабруваме да ја споделите – секој слушател е чекор поблиску до исполнување на сонот на еден независен уметник.
Слушај. Почувствувај. Сподели