Запознаете го битолчанецот на кого пливањето во ладна вода му е една обична, нормална работа, како на пример нашето одење на кафе и кој навистина почуствувал вистински благодет врз неговиот организам.
Иле Бојчевски (41) од населба Баир, Битола. Во базенот Довлеџик е присутен секој ден и до сега дури од месец Јуни немал направено пауза во оваа 2017 година…
Најголема желба му била да го посети базенот на минус дваесет степени.
Сега, засега е стигнат до -5 степени и за брзо време очекуваме и фотографии од Капејнци, кај Дихово како и од Големо и Мало Езеро, каде би се задоволиле и најекстремните услови во околината на Битола.
Од нас поздрав Иле и имаш најголема поддршка!
Голема благодарност и до Менде Вељановски,без кого немаше ништо да започни…