Битолската музичка група „Алтернатор“ деновиве ни подарија нов видео проект „Запејте со Алтернатор” и така ги потпишаа тринаесетте песни.

Станува збор за внимателно одбрани песни кои се препеани и се снимени во пријатен амбиент, каде има вистинско другарување поткрепено со разни мезалоци, вино и ракија едноставно ќеф да Ве фати за и вие заедно со вашето друштво истото да си го повторите .

Инаку битолската група „Алтернатор” годинава слави и убав јубилеј, 30 години од нивното формирање, за што понатаму ќе следат уште поинтересни проекти.