ОД 23.07.2022

Почитувани посетители на Националниот парк Пелистер
Ве известуваме дека поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Ј.У.Н.П. Пелистер воведува задолжително пријавување на поединци или групи кои планираат движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот во периодот од 6:00 до 20:00 часот.
Задолжителното пријавување заради издавање на дозвола за движење на територија на НП Пелистер не важи за органите на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти.
Пријавувањето може да го извршите во просториите на НП Пелистер на улица Виенска бр.14 или преку е-маил адресата [email protected]

За пријавување на е-маил , потребни се следните податоци:
1. Име и презиме
2. Број на лична карта
3. Локација на која ќе се движите
4. Дата
5. Регистарски таблици

НП Пелистер