Нерасчистените имотно-правни односи од минатото (конфискации, национализации) наше идно секојдневие. – Само во еден битолски случај, државата Македонија ако не го врати конфискуваниот имот на покојниот Ташко Керестеџијата на неговите наследници треба да им надомести штета во вредност од 3 милиони германски марки.

Колку повеќе навлегуваме во
ерата на демократијата, толку повеќе приватизацијата на општествениот капитал станува актуелна. Меѓутоа, многу односи од минатото во сферата на сопственоста останаа нерасчистени, така што ќе мора да се покаже политичка зрелост кон разрешувањето на тие проблеми како што е проблемот да речеме на деконфискацијата за која, деновиве Сотир Секуловски во весникот „Нова Македонија“ од 25 септември 1993 година ќе напише:

Република Македонија во својот Устав се дистанцира од идеолошките постулати на системот кој што го напуштивме и логично е да се преиспитаат и судските процеси кои за основа ги имаат токму тие постулати и врз кои се градени судските одлуки…

Илузорно е конфискуваниот имот со судските процеси за кои
станува збор и натаму да го задржува тој елитет, односно и натаму да служи за создавање на општествената сопственост, на која со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал им е зададен дефинитивен удар….

Правниот механизам за деконфискација, според мислењето на овој наш правен стручњак мора да се темели врз законски проект, кој ќе кореспондира со на демократските придобивки на една правна држава за каква што се декларира Република Македонија. Овој проблем не би требало во никој случај да се премолчи бидејќи преставува тежок товар од минатото. Материја за која правните експерти можат да испишат и цели томови. Во написов ќе се обидеме да опишеме само еден случај, кој претпоставуваме и нема да биде единствен.

Тема: некогашна конфискација и денешно барање за деконфискација.

Правен акт без сочувано досие
Битолскиот околиски суд донесувајќи пресуда во името на народот Р. бр. 650/48 година, како вонпарничен суд, со судијата Киро Пашовски, со записничарот Митре Мариновски, решавајќи по предметот на пренесувањето во сопственост на државата ФНРЈ конфискуваниот имот на Анастас Димитровски познат како Ташко Керестеџијата, на 12 август 1948 година донесе решение со кое се пренесува во сопственост на државата ФНРЈ следниот конфискуван недвижен имот:

Една куќа во ул. Генерал Темпо број 34—36, една куќа на ул. Т. Спировски бр. 10, друга куќа на истата улица, друга на Душанова, дуќан на оваа улица, на онаа улица… Или во вкупна површина: станбен простор.околу 700 метри квадратни и деловен околу 890 метри квадратни…

Простор во центарот на Битола,
почнувајќи од убавите стари куќи
со прекрасна архитектура карши
зградата Грозд или поранешна
Скршена Џамија некаде до познатиот „Буковски ан“ вклучувајќи јамтука и зградата на денес продавница „Хамби“ прочуенаната „Жито-Битола”…

На крајот од ова решение стои и
поука за странката, поточно, за
сега покојниот сопственик Анастас Димитровски познат како Ташко Керестеџијата дека има право на жалба во рок од 8 дена. Меѓутоа, нити решението му е доставено, нити ги искористил правото на
жалба. И трагедијата да биде уште поголема, до пред извесно време за овој документ и никој не знаеше:нити постоеше во судската архива, нити во архивите на органите на управата и Катастарот… Случајно е пронајден во СИЗ за домување, како лист, како решение, без пропатна документација или како формирано досие. Од кои причини дошло до предмет без досие, по толку изминати години и никој денес не знае. А кога се нема доставница, за прием на актот, правото на жалба може да се искористи и по цел еден век…

Тужба

Еден од наследниците на покојниот Анастас Димитровски е неговиот син Никола Димитровски, роден 1912 година, кој повеќе години живее во Австралија.

Никола Димитровски

Дознавајќи за демократските процеси во Македонија и расправиите на тема приватизација – реприватизација, а не можејки да го преболи некогаш одземениот имот со фамозната конфискација, на кој сега се јавуваат кој знае кој „газди” преку својот ополномоштен адвокат поднесе тужба до Општинскиот суд во Битола за ведена под П. бр. 1264/93 со која ги тужи Република Македонија, „Јавор Ангротекстил”, А.Д. „Жито Битола” и неколку граѓани. Понатаму во тужбата вели дека е еден од законските наследници на неговиот татко Анастас Димитровски и бара да му се вратат во сопственост. четири
куќи на улицата Јосиф Христовски со куќни броеви 2, 4, 6 и 8 во вкупна површина од околу 700 метри квадратни и неколку дуќани изградени на КП бр. 6285 на ул. Никола Тесла во површина од околу 890 метри квадратни како и куќата во која е сместена слаткарницата „Хамби“…

Во тужбата се наведува дека
неговиот татко сопственик на овој имот бил и се водел до 1972 година, кога со премерот, без правен акт, дел од имотот е преведен во сопственост на Општина Битола a дел на приватни лица. Тужителот
бара сиот имот да му биде вратен или да му биде надоместена штета во висина од некаде три милиони германски марки според сегашните цени на станбениот и деловниот простор… Судскиот процес веројатно ќе потрае години. Не заради неажурноста на нашиот суд, туку, заради политичката ситуација, заради нерешените имотни состојби наследство од минатото, а за кои во мментот и не е понудено никакво решение. Нө, барем од денешната актуелна власт. Зашто, ем сакаме приватизација, ем не сакаме…

Приказната за едно богатство

Анастас Димитровски или, меѓу постарите генерации битолчани, Ташко Керестеџијата роден бил во селото Старавина, Мариово во 1882 година. Гонет од сиромаштијата и војните што владееле во тоа време
на просторите околу неговиот крај, во 1914 година се доселува во Битола. Дошол, според зборовите на неговиот 82-годишен син Никола, сиромав гол пиштол, по корка сув леб и да ја спаси главата. Се вработил кај тогаш прочуениот доктор Нале (кој исто така потекнувал од Старавина) како слуга. Бил честит и способен работник.

Кога за време на Првата светска војна во Битола дошле Бугарите веднаш го интернирале во Бугарија. Во меѓувреме, во тие години требало да се бомбардира Битола па завојуваните страни се договориле населението да се засолни, така што, неговата жена и синот Никола, Англичаните ги однеле за Солун. По завршувањето на војната Ташко од Бугарија заминува за Солун каде си ја наоѓа во еден логор и фамилијата. Ја зема од таму и се враќаат во Битола…
По враќањето во Битола Ташко веднаш отвора ќерестеџилок (продажба на градежен материјал) па и од таму му дојде прекарот Керестеџијата. Градот бил разрушен, а животот за живите, нормално, требало да продолжи. Почна постепено Битола да се гради, да се обновува, а потребата за градежен материјал била голема. Во тоа време до тогаш познатиот Ан на Балтовци, имало празно неизградено место. Ташко изградува дуќан за продажба на
својата стока. Работата почна да
цути. Некаде околи 1920 година
Ташко стапува во контакт со тогашната српска војска сконцентрисана во Битола. Со овласти склучува договор да го исчисти сиот заостанат воен материјал од Кајмакчалан: железо, бодликав тел и слично и истиот да го продава. Тука имаше и градежен материјал, греди.и слично од заостанатите окопи на војските. За тоа, нормално, на воените власти им плаќал одреден надоместок.

Трговијата тргнала на добро.
Својата фирма ја крстил со името
„Кајмакчалан“… Почнал да носи
градежен материјал од Босна, од
Словенија, носел заради трговија
цименто од Беочин, ќерамиди од
Џон Болја од Романија. Во 1927 година Ташко стекнува доста пари и на празниот простор ка] Скршена Џамија ги гради своите куќи и дуќани. Куќата во која е сместена сега „Хамби“ била сопственост на касапското семејство Вршковци.
Тие немале пари да ја доградат, та така и неа ја купува Ташко.
Некаде на почетокот на 1937 година трговијата на Ташко тече
према Лерин и Корча во Албанија. Имотот се зголемувал, растело богатството…

Неславниот крај
на Керестеџијата

Во 1941 година кога во Битола доаѓаат Германците, Ташко во своите дуќани има над 3.000 метри кубни дрво како градежен материјал. Сиот го зедоа за воени потреби на германската фашистичка машинерија без надоместок. Кога дојдоја Бугарите од македонското население бараа да са пиши дека се Бугари. Ташко и неговите два синови не се пишат како такви. Кога видоа дека не се пишат „праисход” им дадоа рок од 15 дена да ја продадат стоката од дуќаните. Во тој рок што са продаде, се продаде, другото стана плен на бугарските фашисти. Меѓутоа недвижностите на Ташко не им ги одзедоа. Дуќаните и куќите ги даваа под кирија. Анастас Ташко, беше стар и остана во Битола. Неговиот син Димитар, Бугарите го интернираат во Бугарија како трудовак а другиот син Никола се засолнува во Корча од каде му е и сопругата.

Пред самото ослободување на Битола, Никола илегално се враќа од Корча. Се крие во куќата со кубето, спроти Скршена Џамија, каде илегално престојува и Борис Алтипармак, се разбира како партизан. А Ташко пак, за сето време на окупацијата иако стар соработува со партизаните. Кога се ослободи Битола, во оваа иста куќа пред да заминат за Скопје е сместен Главниот штаб на чело со Лазар Колишевски… Веднаш по војната Министерот по градежништво на Македонија, Дизе, го повикува Никола да организира трговија за градежништво во Битола. Во дуќаните на својот татко ја отвора фирмата .За другар и станува нејзин прв генерален директор и покрај тоа што не е член на КПЈ. Дуќаните и куќите во 1947 година останаа сопственост на Ташко. Кога е осуден и кога му е конфискувано од дуќани до куќи и до лајци и вилушки по налог се пуштени под кирија да живеат кај Ценка Џандарката во Генимаало. Цел имот е конфискуван, а на Ташко не му бил даден никаков документ за тоа. Само го ставиле во затвор, во темни зандани, а по затворот му ја обесиле Удба како пијавица да го гони до неговата смрт во 1961 година, и да го присилува да кажува дека никогаш и никаков имот не поседувал, зашто ако побарал имот и ако речел дека има, карцерот ка Црн Мост не му бегал. Сега барем нека виси државата Македонија.

Имотот на Ташко Керестеџијата е одземен противправно, според правото во било која цивилизирана правна држава. Ташко почина. Остана жив неговиот син Никола, кој што од јад и не можејќи да го гледа својот имот во туѓи раце, замина за Австралија. Летово сепак дојде да си го побара она што му следува. Ниту повеќе, ниту помалку. Ако не одлучи тукашниот суд, своето барање ќе го упати на меѓународните судови. Некогаш одземениот имот станува камен сопнувач. Ако не се реши статусот на реприватизацијата, веројатно и меѓународниот рејтинг на Македонија како правна држава ќе падне во светот. А треба ли да виси, наместо Педро, нашава млада држава?

Панде Манојлов, Битолски весник 1993 г.

……

Ако имаме некој од Гроздот да ни испрати фотографија од цел комплекс однепред се заблагодаруваме.

Голема благодарност до Ели Секуловска за исечокот од Битолски весник