Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го заврши дебитантскиот настап во Европа со втор пораз од Алпла Хард, овој пат на домашен терен (24-27) и застана во првото квалификациско коло во Европската лига на ЕХФ. Пресуди малото искуство на македонскиот тим во вакви натпреварувања, но овој настап ќе биде мотив плус за екипата да се бори за излез на меѓународната сцена и догодина.