Со поразот во Белорусија, Еурофарм Пелистер ја заврши својата втора сезона во СЕХА Гаспром лигата. Со три победи на пет натпревари во групната фаза и два порази во елиминационата, екипата на Жељко Бабиќ оствари резултат за едно скалило подобар од претходната година, кога беше елиминирата на Нексе Нашице во осминафиналето.

Еурофарм Пелистер во СЕХА Гаспром лигата 2020/21:
Групна фаза:
Еурофарм Пелистер – Металопластика 30-26
ППД Загреб – Еурофарм Пелистер 26-23
Еурофарм Пелистер – Татран Прешов 28-16
Металопластика – Еурофарм Пелистер 27-34
Татран Прешов – Еурофарм Пелистер 32-28

Четвртфинале:
Еурофарм Пелистер – Мешков Брест 27-31
Мешков Брест – Еурофарм Пелистер 35-31

Се гледаме наскоро во третото наше учество во СЕХА Гаспром лигата!

РК Еурофарм Пелистер