Екипата на Еурофарм Пелистер си ја заврши задачата и со победа над ГРК Охрид на гостувањето во СРЦ „Билјанини Извори“ (25-28) дојде на една победа од враќање на тронот во мак-ракометот за првпат по 2005 година. Мечот беше во знакот на пелистерци и победата е сосема заслужена, но мора да се пофали и пожртвуваната игра на охриѓани кои беа со скратен ростер.

Како е моментално на Широк сокак заедно со ракометарите, погледнете на следните видеа испратени од Златко Паша.