Јерг Хагеман беше единствениот германски новинар кој гостуваше во Битола како дел од локалниот весник „Lippische Landes-Zeitung“ кој за натпреварот помеѓу Пелистер и Лемго во спортската сала Младост пренесе:

„Пред натпреварот атмосферата беше луда. Тоа беше национален празник. Имаше секакви министри во салата, со оглед на тоа дека земјата беше независна само неколку години. Натпреварот беше навистина важен за двете екипи.

Надвор имаше околу 10.000 луѓе кои чекаа некаков вид на јавно гледање. На момент излегов надвор да ги видам повторно. Кога се вратив внатре, се појави марширачки бенд, а диригентот имаше капа. Откако бендот престана да свири, тој ја отстрани капата и гулаб почна да лета низ салата. Гулабот леташе како луд затоа што долго беше заглавен под капата.“, раскажа Хагеман.

Извор Гол.мк