Децата во медицинско и реагирале на директорката дека се уплашени штом таванот паднал, таа им рекла „Вие немате право на глас”. Сите здружено се договориле и во знак на револт објавиле на социјалните мрежи прашувајќи “До кога вака?”
Нивните родители, скриени во глувчешка дупка ќутат, да не ги избркаат од работа. Од децата да учиме за достоинство, иако сме колективни слепци шо им оставаме гној од држава и ги сакативме во секој сегмент од нивното живеење.

Јасна Николовска

„Ете една од многуте случки кои се
случуваат во Медицинското училиште по Битола Др”Јован Калаузи” на чело со директорката која што проблемите како овај ги притајува и не реагира а во прашање е живот на ученици односно во овај случај 16 годишно девојче. Изјава од учениците кој беа сведоци на тоа што се случи:

Имено утринава девојче се упатило во тоалетот каде што таванот и се сруши врз глава и одвај се извлече од тоалет, кога се случи истото ученичката уредно пријави, преплашена од ситуацијата. Најжално и мизерно е што во тој момент никој не изрегира соодветно на ситуацијата.
Директорката влегла во класот каде учи девојчето после 1 час и со добри манипилации се потруди да ги замолчи учениците со цел умешно да ја прикрие настанатата ситуација. Цитирам:
“ПА ТИ СИ ЈУНАК БИТНО СИ ЖИВА”
смеејки се ја потапка по грбот и
убедубајки ја дека се е во ред. Но кога учениците се побунија и кажаа дека се загрижени за нивната безбедност таа бурно изреагирала и рекла како немаме
право на глас и нашата безбедност е високо ниво.

Ние учениците јавно и поставуваме прашање на не одговорната “загрижената” директорка како после оваа ситуација да сме смирени и нашите родители да веруваат дека нашата безбедност во средното Медицинско училиште е на
високо ниво. Денес ова, а утре што?
Каде се одговорните да реагираат!!