МОИ ДАРЕЖЛИВИ БИТОЛЧАНИ!

Нека биде
РАДОСТ И УТЕХА ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО

Оваа недела Битола е во хумана и празнична атмосфера. Велат богатството е во срцето и дарувањето, па како што Бог дарувал љубов и радост и ние тоа да го направиме за оние кои неизмерно треба да им се помогне.
Х.о. Утешител и група хуманистки од Битола покренаа голема хумана акција ” РАДОСТ И УТЕХА ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО”.

Секој може да одвои средства колку за едно испиено кафе и да ги донира на пунктовите каде што ќе бидат поставени кутии за донации. Сите собрани средства ќе бидат преточени во храна и залихи на храна и лекови за загрозените семејства во Битола.

Пунктови за донации ќе има од денес до сабота на следниве места:

1.ШИК маркети( 10 маркети ШИК низ градот)
2.Месара “Драни”
3. Месара “СТ-Кировски” над рибарниците
4. Пекара “Векна”
5.Пекара ” Ванила” -ат пазар
6. Аптека “Роса Вита”
7. “Флекс” кредит
8.Маркет “Тома” на ул. Охридска
Колички за донација на храна ќе има во горно Веро и Тинекс.

И за љубителите на секојденвното кафе средства ќе можат да донираат во следните кафулиња:

1.Тач
2.Јагода
3.Централ
4.Везилка
5.Бариста
6.Добри вибрации
7.Портал
8.Пицерија Шведски

Благодарение на Општина Битола во петок на плоштадот Магнолија ќе има и штанд и секој минувач ќе може да даде свој мал придонес.
Секој љубител на кафето нека замисли дека почастил некого кафе а со тие пари ќе нахрани гладен.

Нека биде радост за сите и нека секое семејство има достојна трпеза за празниците.
Што повеќе донации имаме со толку повеќе залиха на храна ќе ги обезбедиме социјално загрозените семејства.
Голема благодарност со сите трговци, кафетерии, хумани граѓани, и печатница “Леја” кои со драга волја и срце прифатија да помогнат во оваа акција.

НЕКА БИДЕ РАДОСТ И УТЕХА ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО!
ПОДАРЕТЕ ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ!