1. Улицата е трасирана кон крајот на 19 век за потребите на многубројната османлиска војска. Се протегала од Црвената касарна до воената болница во Стрчин.

Мапа од 1900г.

Покрај улицата (плавата линија), на мапата се препознаваат и следните објекти: 1. Касарните, Црвената и Белата; 2. Воената академија (денешен музеј); 3.Воената болница (денес студентски дом); 4. Лавчанска река; 5. Брусничка река; 6. Широк Сокак

2. Од северната страна на улицата, се наоѓале воените бавчи, а од јужната страна биле полигоните за воени вежби и помошните простории.

Композиција на три фотографии од почетокот на 20-тиот век. На првата фотографија препознатлива е Хамза-бегова Џамија (на раскрсницата на денешните “Солунска“ и “Пецо Божиновски“). На втората фотографија, во преден план, се гледаат војните бавчи, а во позадина панорама од градот. На третата фотографија се гледа Црвената Касарна, која била одприлика на местото на денешната спортска сала.

3. Улицата, во минатото, неколку пати го менувала името. Па така, за време на османлиското ропство се викала “Orman Tüccarlar Caddesi”, во време на српската окупација се викала “ Војнички пут“, а за бреме на бугарската окупација “Тодор Александров“. Името “Партизанска“ го добила по ослободувањето.

4. Вдолж улицата се протегал убав дрворед.

1901 Панорама на Битола: Во преден план се гледа улицата, позади се воените бавчи, а првиот ред на куќи се куќите на двете страни од реката Курделес.

5. Првите цивилни објекти (куќи) на улицата почнале да се градат по завршувањето на Првата светска војна.

1918 Панорама на Битола

6. Улицата почнала позабрзано да се гради на почетокот на 70-тите години. Со иградбата на новата болница и зградите на улицата, “Партизанска“ била урбанизирана до пресекот со ул. “Васко Карангелевски. Подоцна, со изградбата на Брусничко-лавчанската населба, во 80-тите, улицата била продолжена до пресекот со ул. “Методија Андонов-Ченто“.

1977 ул. “Партизанска“ во близина на новата болница

7. Должината на улицата е 3.2км и втора по должина во Битола.

8. Улицата од најзападната точка, во Брусничко-лавчанска населба, до најисточната точка има висински пад од 89м.

9. Дрвјата од двете страни на улицата, во делот од Бактериолошка до над спортската сала, се дел од оргиналниот дрворед.

1924 Панореама на Битола 1914 Дел од ул. Патизанска

10. “Партизанска“ денес е современа улица и е една од најфрекфентните улици во градот.

Валентина Цветановска