1. Битола е само една, друга немаме.

2. Не ја прави Битола тоа што не е, сакај си ја и почитувај како своја родена мајка, не им му се поклонувај на Скопје и не им служи на скопјани.
3. Не изговарај го напразно името на Битола, твојот роден град.
4. Спомнувај си за Битола како е таа градот на Конзулите, градот на клавирите, на најубајте чупиња и боемите. Шест дена пијај си кафе на Широк Сокак, а седмиот ден посети го Пелистер.
5. Почитувај ги комшиите и своите сограѓани-битолчани, за да ти биде добро и да не ти вадат муабети, за да поживејш долго во Битола.

6. Не плуќај балгани.
7. Не го загадвај воздухо.
8. Не фрлај ѓубре на улица.
9. Не сведочи лажно против својот битолчанец.
10. Не пожелувај ништо што е туѓо, доста ни е Реко, Баба и Пелагонија. Да живеј независна Битола