25.09.1985 година ПЕЛИСТЕР-Партизан Бјеловар, мајсторка за опстанок во прва Југословенска лига.
Караван од 21 автобус од Битола се упатува за Белград да даде поддршка на ракометарите на Пелистер.
Но едно нешто на овај натпревар е поразлично од претходните организирани каравани. На оваа утакмица се појавува за прв пат организирана група со транспаренти, за прв пат има организирано навивање…

Тие млади дечки се нарекуваат битолчани мотокари ЧКЕМБАРИ Македонци.

На овој ден се создадени ЧКЕМБАРИ, останатото е историја.

п.с. Благодарност до сопствениците на фотографиите кој се дел од историјата на Битола.