Ние сме посебно горди на нашиот ембриолошки тим, предводен од прим.д-р Таше Трпчевски, ембриолозите Николче Огненовски, Горан Стефановски, м-р Стефан Матиќ и медицинските сестри Снешка, Анета и Оливера, кои помагаат да се создадат вашите скапоцени ембриони во нашата лабораторија.

Во изминатите 19 години, успешниот ембриолошки тим на Болница Плодност, креираше повеќе од 3000 семејства, а со уште поголем елан и знаење, таа бројка постојано расте.

Д-р Таше Трпчевски го реализираше својот сон, а напорно собираше знаење и светски искуства од најдобрите, вклучувајќи го и пионерот на ембриологијата Роберт Едвард, првиот ембриолог кој преку ембриологијата ја создаде Луис Браун во 1978 и во чија чест се одбележува денешниот ден. Д-р Трпчевски собираше знаење од Едвард во 2004 година, од кога датира фотографијата како резултат на соработката.

Нашите ембриолози се грижат за реализација на научниот процес на ИВФ постапките од почеток до крај.

-Проценка ја спермата и јајце клетките;
-Оплодување на јајце клетката или со традиционален метод или со користење на ICSI;
-Испитување и проценка дали оплодувањето било успешно;
-Грижа за ембриони, обезбедувајќи најдобри услови за развој на ембрионите во инкубаторите во нашата лабораторијја, со најсовремена опрема и инкубатори, обезбедувајќи нашите ембриолози да имаат совршени средина за работа
-Проценка и класификација на ембрионите за време на нивниот развој и избор на најперспективниот ембрион за трансфер
-Внимателно чување на ембрионите, јајце клетките и спермата на нашите пациенти.

Болница Плодност – Hospital Plodnost отсекогаш во првите редови на научните откритија во областа на ИВФ, а нашите ембриолози се движечката сила на научните истражувања, кои често учествуваат на национални и меѓународни конференции.

Горди на нашиот ИВФ тим!!!

#ivf #ivfbaby #ivftreatment #ivfsuccess #ivfjourney