Битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, беа тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.

Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, цвеќе положи градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска , претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци, семејствата на загинатите, политичките партии, припадници на АРМ и СВР Битола и други лица.

Во чест на загинатите бранители, во спортските сали во Битола и во Новаци се одржува Меморијален турнир во мал фудбал.