Пред неколку дена за жал имавме немил случај во соседна Србија. Кучињата скитници најмалку се виновни за оваа ситуација . Криви се тие што ги напуштија и тие кои подолго време намерно опструираат, сопкаат и не го решаваат проблемот оти поените и заслугите ќе оделе на друго конто. Пецката во порака ни напиша како тоа се случило пред Порта Џез и за негова среќа бил одбранет од наш сограѓанин:

Оттука упатуваме апел до надлежните во Општина Битола, како што знаеја работниците дење, ноќе да работат кај Безистено дури и на 31.12 кога вие бевте по кафани, така исто секојдневно да се почнува со работа и адаптација на згрижувалиштето за кучиња скитници и веќе еднаш да се започни и со нивно масовно згрижување, стерилизација и кастрација, обележување и одговорно сопствеништво, вакцинирање, помош и нега.