Заради вашиот голем интерес за делата на битолскиот хроничар проф. Александар Стерјовски , како негова лична желба е истите да бидат достапни за вас и во електронска форма и тоа тука на нашата страна од каде слободно и бесплатно можете да си ги превземите, прочитате и споделувате делови и информации со наведување на изворот и авторот.

Проф. Александар Стерјовски, фото Канал 5 ТВ

Александар Стерјовски роден е во 1933 год. во Битола. Дипломирал и докторирал во Скопскиот државен универзитет. Предавал во Педагошката академија, а потоа и во Педагошкиот факултет во Битола. Два пати бил Проректор на Битолскиот универзитет. Објавил над стотина статии од областа на фолклорот и битолската историја, како и книгите: Брусник (1992), Последниот охридски гуслар (1994), Македонските слепи гуслари (1999), Велушина (2001), Водоснабдувањето во Битола пред водоводот (2008), Еден век Црвен крст во Битола (2012). Од серијалот Битолско десетокнижие ги објавил книгите: Битола-Руската колонија, Битола-Каријатиди на Театарот, Реката Драгор, Злосреќи, Спортот во Битола, Калеидоскоп, Градби, Музика. Раководител бил на големиот проект Печатарството и издаваштвото во Битола (три тона, 1998-1999). Долгогодишен член на редакцијата бил на списанието Развиток, а бил и иницијатор, главен и одговорен уредник на списанијата Учител и Битола низ вековите.

Повелете, кликнете на неговите дела и прочитајте повеќе за Битола

БРУСНИК

МАКЕДОНСКИ СЛЕПИ ГУСЛАРИ

ДРАГОР

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 1

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 2

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 3

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 4

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 5

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 6 

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 7

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 8

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 9

БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ 10

СПОРТОТ ВО БИТОЛА

ЗЛОСРЕЌИ

КАЛЕИДОСКОП

ГРАДБИ

НУШИЌ И МАКЕДОНИЈА

КАРИЈАТИДИ НА ТЕАТАРОТ

МУЗИКА

На нашата веб страна на видно место ќе одделиме простор само за оваа намена.

Големите луѓе прават големи дела” , а тоа ќе го правиме заедно со вас професоре.

Ви благодариме за сѐ што правите за Битола и битолчани.

Голема благодарност и до техничкиот уредник и поддршка за сите овие дела, битолчанецот Пеце Илиевски.