Кај две помлади пациентки, направена е лапароскопска операција на ендометриозна циста на јајчникот.

„Кај една од пациентките, цистата, со големина од околу 6 сантиметри е отстранета. Оставен е мал дел од здравото ткиво на јајчникот, затоа што пациентката е млада и досега нема породување.
Кај другата пациентка е изваден бениген тумор на јајчникот, со големина од 5 сантиметри. И во овој случај, зачувано е здраво ткиво на јајчникот, бидејќи и оваа пациентка не ја завршила репродукцијата.
Особено треба да сме внимателни при изведување на операциите на јајниците, за да се зачува макар и мало здраво ткиво кај пациентките, кои се уште не го завршиле репродуктивниот процес“, истакна д-р Христијан Трпчевски.

Предноста на лапароскопската хирургија, за пациентките значеше кратка хоспитализација, бидејќи тие наредниот ден ја напуштија болницата.

Врвен експертски тим во изведување на лапароски операции – само во Болница Плодност.