Пред некој ден дремевме така низ дома, скоро поручек. Сато, 12, 12 и пол. Ѕвони телефоно, непознат телефонски повик:
Ало, добар ден. Господинот тој и тој? Да, возвратив. На телефон доктор тој и тој од трансфузиологија.

Ај мајката, одма ме мана в гла шо е сега работата.

Потребна ни е вашата крв бидејќи сте од ретка група, А негатив. Аха, ми олесна.

Гледам низ џамо колата ми ја има земено невестата, со моторо ќе одам, заборајф дека е камен ладно инаку таја ќе си го земеше, хаха, ама ајде.

Добро им велам, се облеквам и идам за 15 минути. Ок ми рече, имаме време до кај 1, 1 и пол. Се облеков набрзина по тренерки, фрлив некое вентијаџе на куси ракај, го запалив моторо и да ме нема угоре на болница. Беше ладно камен, татаркур фатив на моторо. Ајде се тешев во глата, појак ќе бидиш вака се челичиш како војска во 5 и пол сабајле ко праевме утринско голи до појас дали лето дали зима. Не беше многу далеку 1997ма. Плус се капиш со ладна вода, влегваш во ладни езера, маШ си ќиздржиш јебига.

Влегов во кругот на болницата, па долу во Трансфузиологија, преместен е влезот одамна. Ја приложив црвената картичка за да ми го најдат картоно. 19то по ред. Следуваше мерење на притисок, 130 со 80, една капка дали ќе падни на дното во сина течност, тоа е мерило за хемоглобинот и да се пополнува прашалникот кој е истиот од пред 20 години, дали имате тетоважа, дали ве има каснато крлеж пред 6 месеци или дали ве има фатено кравјо лудило, Бог да чува. Сите сме луди по малце не ми се верва кравите да се полуди од нас. И на крајот последното прашање каде понекогаш го грешиме и ние да го пополниме од брзање а е само за трудните жени. Овојпат го остајме празно.

Се оптегнав на креветот, ја испружив левата рака, сестрата од Кавадарци ми ја кладе иглата и не ја сетив џоа бебенце, крвта си почна да ја полни вакумираната кесица. Забележав уште ја нема големата слика од Тоше каде што е крводарител, мислам му падна не знам дали ја наместија и така уште ми е како во магла.

Си мислев дека некоја голема сообраќајка се има случено, жртви недај Боже. Ме јадеше јанѕа, па реков да го прашам докторо зошто вонредно ме повика.

А негатив му е потребна на наш пациент кој се лекува од рак…беше неговиот одговор. Млада особа на 50 години, поради примање на хемотерапијата и нејзината сила ги губи А негативните еритроцити и мора некако да се надополнува. Вие сте четвртиот на кој што му се јавивме, едниот не можеше, другиот на работа, ете среќа. 50 години си велам, јас 45, ете кај се и 50 блиску. Ми замрзна крвта, ми падна жал. За некои колку многу рано започнува една од најголемите битки која е неизвесна до самиот крај. Битка која многу од нашите најмили ја имат изгубено. Се почуствував малку горд шо ете така набрзина како од пушка се облеков, заминав и замрзнат се оптегнав да дарувам крв.

Нека му е на здравје, возвратив. Пола кило гарантирам дека е уба крв, има дури малку и протеинче се насмејав. Нека му е на здравје, се насмејаа и тие. Кесицата се наполни, ми дадоја редовното следување благце, кока кола и Нескафе три во едно. Си попрајвме уште малку муабет и си заминав. Пак со слабото џамаданџе по тренерки, замрзнав на моторо дур да си сјом дома. Се коткосав. Но искрен да бидам ми беше УБО на душата. И уште ми е. Скраја да е не настинав.

И затоа оттука упатувам еден апел до сите вас кои читате и препознавате шо сакам да Ви доловам, ДАРУВАЈТЕ КРВ ПОЧЕСТО КОГА МОЖЕТЕ, ЗОШТО НЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА НЕКОЈ ЈА ЧЕКА ЗА ЗДРАВЈЕ ДА МУ БИДИ.❤