Кошаркарската репрезентација на Југославија своите подготовки за Мексико, за време на Олимписките игри 1968 година ги направи на Баба Планина.

Репрезентацијата на Ластојчин Камен

На фотографијата се :Трајко Рајковиќ, Владимир Цветковиќ, Аљоша Жорга, Петар Сканси, Зоран Мароевиќ, Дамир Шолман, Крешимир Ќосиќ, Драгослав Ражнатовиќ, Драгутин Чермак, Иво Данеу, Никола Плеќаш, Радивој Корач. Тренер е Ранко Жеравица.

На игрите беше освоено сребрен медал, во натпревар против САД во финалето. Тоа беше и последното големо репрезентативно натпреварување на Радивој Корач.

Ние успеавме да пронајдеме и статија објавена во весникот “Борба” во која се зборува за убавината на Пелистер и подготовките на кошаркарите.

Во 1968 година, Мексико Сити стана првиот латиноамерикански град кој беше домаќин на Олимписките игри, откако ги претрка Детроит и Лион за честа. XIX Олимпијадата беше незаборавна, со неколку долгогодишни рекорди и силно присуство на меѓународната политика. Игрите беа нарушени со ужасен масакр во Мексико Сити само неколку дена пред да започнат. Игрите траеја од 12 октомври до 27 октомври.

Југословенската репрезентација тренираше на Пелистер само заради високата надморска височина на која е сместен Мексико Сити, 2240 метри (7,300 стапки) и беше несоодветно место за Олимпијадата. Надморската височина имаше и добри околности бидејќи реткиот воздух беше добар за спринтерите и скокачите, но лош за тркачите на подолги патеки. На Баба планина во близината Домот на Големо Езеро требаше да се изгради и ново олимписко село, но за тоа ќе раскажиме во некоја друга прилика.

Извор Битола стари фотографии и голема благодарност до Љупчо Мечка Митревски