Темелите на средношколскиот образовен систем на мајчин јазик биле удрени во ова училиште, на 6 февруари 1945. За создавањето услови за почеток на наставата бил задолжен Крум Тошев, член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик, а исто така коавтор на првиот „Македонски правопис со правописен пречник“. Работел на изработка на планови и програми, како и оспособување на зградата на Гимназијата за прием на нови ученици.

Ова е едно од најстарите училишта во Македонија со континуиран образован процес цели 128 години, откако во 1892 година започнало да работи како нижа гимназија на турски јазик. (Архивска фотографија)

На првиот Наставнички совет било одлучено средното училиште да се вика „Гоце Делчев“. По свеченото отворање, над 500 ученици започнале наставата на македонски јазик. Прв директор дил професорот по физика Ордан Печијаре, а работеле 16 наставници.

Извор и повеќе на Сдк.мк Жанета Здравковска