Снежана Османли (моминско Станковиќ, Битола, 6 март 1954 – Скопје, 5 ноември 2013) — една од најзначајните политички фигури на Македонија. Била долгогодишен шеф на кабинетот на претседателот Киро Глигоров. Таа била и еден од основачите на осигурителната компанија Еуролинк. Нејзин сопруг бил Томислав Османли, македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист.

Била избирана во Постојаниот работен комитет (Working-standing commitee) на европското Биро на системот на меѓународно осигурување Зелена карта (Green Card Bureaux) во кое членуваа 48 земји од европскиот континент и поширокиот сообраќаен ареал. Со тоа искуство во осигурителната дејност, во 2002 година, Османли ја прифатила понудата на инвеститорот, а нејзин семеен пријател, Трифун Костовски е именувана за основач, потоа и за прв извршен директор на осигурителната куќа „Еуролинк”, но не ги прекина врските со високата политика.

Странските дипломати деташирани во Македонија со неа одржуваа консултации. Беше избрана за член на Советот за меѓународни односи во Вашингтон (Council on Foreign Relations), а во Скопје го основа и беше потпретседател на Советот за надворешни односи (СНО) како граѓанско здружение кое разви завидна активност како надворешно-политичка think-tank група со бројни гостувања на експерти од различни дипломатски, научни и политичко-аналитички домени. Во 2004 година, поради сериозен здравствен проблем, се повлекла од извршната фунција во осигурителната куќа и работела како менаџер во финансиската групација „Гофи“.

О

д тогаш таа станала активен економски и политички советник на Трифун Костовски. Била стожерна личност на изборните штабови и близок соработник на претседателот Киро Глигоров од 1990-1997, како и на пратеникот, потоа и градоначалник Трифун Костовски, како во парламентарните избори 1997, така и на локалните избори за градоначалник на Скопје во 2005 година и со огромното политичко искуство и организациски талент, во голем дел придонесе и кон неговите изборни победи. По десетгодишна, на пати тешка битка со неизлечлива болест, таа починала на 5 ноември 2013 година во Скопје.

На 3 ноември 2014 година беше промовирана монографијата „Снежана Османли – жената која можеше да гледа и зад ридот“ која ја придери Атанас Кировски, а ја издаде ИП „Култура“ од Скопје.

Книгата посветена на политичките и деловни придонеси на Снежана Осмнали содржи исклучителни искази, лични и политички сеќавања и изрази на почит на истакнати личности од домашната политика, меѓународната дипломатија, деловниот свет и журнализмот, а беше објавена по повод годишнината од нејзината смрт.

Во сечена атмосфера, со многу
пријатели и соработници, беше
промовирана монографијата “Снежана Османли – жената која можеше да гледа и зад ридот” од Атанас Кировски. За изданието на “Култура” збоpyвaa Tpифyн Kocтовски и акад. Таки Фити. Османли, која почина пред неполна година, беше угледен и влијателен политички работник, сведок и учесник во преломните мигови на современиот македонски општествен и политички процес, од преминот од социјалистичкото во плуралистичкото општество, до македонската независност и стекнувањето меѓународен легитимитет. Таа беше десна рака на првиот претседател Киро Глигоров. Книгата вклучува искази и сеќавања на 25 истакнати личности од дипломатскиот, политичкиот, научниот, деловниот и од општествениот живот, посветени на личноста и дејноста на м-р Снежана Османли (1954-2013). Помеѓу авторите на прилозите се појавуваат амбасадорите Виктор Комрас, Патрик Крисман, Филип Рикер, Љубица Ж. Ачевска, но и истакнатите доактерите Никола Ристановски и Милица Стојанова читаа извадоци од сеќавањата за Снежана Османли домашни политички фигури,

Извор Ин Пресс

Фотогеафии Томислав Османли