обнова на Народен театар-фото Манаки

 

Голем текст посветен на голем човек и неговата борба за зачувување на македонското
архитектонско наследство во Битола-дипл.инж.арх.Љубиша Новаковиќ-(постхумно)

Битола спаѓа во онаа категорија градови во кои е и денес читливо напластувањето на вековните градителски искуства со сите елементи на преклопување, судирање и усогласување на различни цивилизациски влијанија.
Зачуваната профана архитектура од крајот на 19 и почетокот на 20 век која
остава впечатлив одраз на градската слика на Битола.Објектите во Битола, временски датирани во периодот кој ја заокружува Македонската преродба низ своите стилски карактеристики ги сублимираат тогашните локални градителски идеи и влијанијата на западноевропската архитектура. Следејќи ги современите европски градителски трендови, со тенденција на остранување на влијанието на Ориентот,Битола на крајот на 19 и почетокот на 20 век личи на типичен европски град.
За жал, многумина истражувачи на македонското градителско наследство таа квалитетна врска на традиционалната македонска архитектура неможеа до скоро да ја препознаат во профаната архитектура на Битола, сметајќи ја за обичен импорт и регионална имитативна творба со негативно влијание на домашните градителски традиции. Ваквите размислувања, како и немањето чуство за вредностите на македонското градителско наследство, направија огромна штета, изменувајќи го ликот на старото градско јадро. Денес во центарот на градот ги нема стариот театар, црквата Св. Константин и Елена и многу други објекти. На нивно место изградени се Домот на културата, хотел Епинал и други модерни контрастни градби кои немаат никаков спој со изминатите градителски традиции, а со што се наруши амбиенталниот изгледот на централното историско јадро на градот.

обнова на Народен театар-фото Манаки

Во текот на втората половина на минатиот век, во времето на еднопартиското едноумие, постојат повеќе
обиди на тогашните градски татковци да се наруши изгледот на градот. Една од тие одлуки била рушење на објектите од едната страна на главната улица (денешен„Широк сокак”) со цел таа да стане главна сообраќајница за моторен сообраќај. Тоа била планска концепција поддржана лично и од тогашниот претседател на Владата на СРМ. Потоа била проектирана и сообраќајната траса на ул. “Борис
Кидрич” со која се рушат 10 објекти со својство на споменик на културата, меѓу кои и куќата во која престојувал Гоце Делчев во Битола. Со овој проект се предвидувало во појасите од двете страни на улицата да се рушат објекти со својство на споменик на културата, или вкупно 16 објекти.
За среќа, отсекогаш постоеле личности кои не само што го сакале сопствениот град, туку и ја познавале вредноста на културното наследство и кои храбро и аргументирано се спротивставувале на несодветните одлуки, иако ваквиот однос во времето на партиското едноумие значел и крај на сопствената кариера. Во своето излагање на 12-тата јавна трибина “Битолските градби од 19 век” (2008), кое е објавено во зборникот “Битола низ вековите”, Универзитет Св. Климент Охридски – Педагошки факултет – Битола, Битола 2009, дипл.инж.арх. Димитар Димитровски ќе се осврне на ангажираниот однос на Љубиша Новаковиќ за заштита на Стариот театар во Битола (изграден кон крајот на 19 век), пред неговото рушење во 1980 г, како и неговите ангажмани за заштита на објекти и амбиентални целини во централното градско подрачје на Битола. Како што Вели Димитровски ,“ова го прави постхумно, со цел да остане некаде запишано името на овој наш врвен интелектуалец, кој професионално се вгради во урбанистичкиот растеж на овој град, со чија историја и традиции беше емотивно поврзан, сакајќи го со искрена љубов”
Одлуката за рушење на стариот театар во Битола во 1979г., во тоа време предизвика вистинска тревога не само кај љубителите на театарската уметност туку и кај сите жители на градот. Иако во чаршијата многумина ја коментираа и критикуваа оваа одлука на актуелната власт, тие немаа храброст јавно да се спротивстават против рушењето на објектот за кој ги врзуваа многу спомени. За разлика од своите сограѓани, Новаковиќ својот став аргументирано ќе го изнесе во писмото испратено до сите општествено-политички структури во тоа време. Како што вели Димитровски “Ако се земе предвид дека неговото писмо против рушењето на Стариот театар е напишано и испратено истиот ден(3.10.1979 г.) кога е објавена дефинитивната одлука за рушење на објектот (што беше едногласно поддржана од сите општествено-политички структури), тогаш неговиот гест во тоа време заслужува респект и почит,сличен на оној што во 1960 г. го заслужи нашиот истакнат граѓанин Др. Јован Калаузи, кој имаше доблест и храброст на седница на Општинското собрание да ја оспори одлуката за рушење на објектите од едната страна на главната улица (денешен „Широк Сокак”) со цел таа да стане главна сообраќајница за моторен сообраќај, која беше планска концепција поддржана лично и од тогашниот претседател на Владата на СРМ”.
Цената која ќе ја плати Новаковиќ, само затоа што се спротивставил на одлуката на тогашната власт е голема. Димитровски истакнува дека: “Со ваквиот свој став Љубиша Новаковиќ свесно ја жртвуваше својата политичка и професионална кариера во својот град.


Почитуван како врвен професионалец и еден од најдобрите урбанисти на своето време во државата, тој за својот град остана „непопуларна личност”, игнорирана од надлежните градски фактори. Неговата вина беше што тој се осмели да се спротивстави на една донесена одлука и да предложи алтернатива, Стариот театар да остане на своето место, при што со реконструкција на неговите фасади во корелација со архитектурата на новиот Спомен дом на културата, тој успешно да се вклопи во просторот на градскиот плоштад. Тоа подоцна беше потврдено како добра варијанта од страна на посебно избраната Комисија од републичкиот секретар за култура, составена од истакнати научни и културни работници, под претседателство на академик Крум Томовски”
Иако игнориран од надлежните градски фактори, Новаковиќ никогаш не застана во својата борба за заштита на културното наследство на градот, а со тоа и културното наследство на Македонија. Димитровски ќе истакни дека Новаковиќ во својот професионален живот ќе се заложи да се задржат и вклопат во новите урбанистички планови посебно значајните културно-историски објекти, амбиентални целини и урбани комплекси што му даваа автентичену изглед на градот, а кои биле формирани главно при крајот на 19 и почетокот на 20 век. Меѓу позначајните негови заложби се: учество во подготовката на Информацијата за можните реперкусии од реализацијата на проектираната траса на улица _Борис Кидрич” низ централното градско подрачје на Битола; неговиот ангажман за заштита во новите урбанистички планови на Старата чаршија во Битола; неговото залагање за пешачки третман на некогаш најпрометната сообраќајница „Широк сокак”;неговото залагање за задржување на објектите од Старата болница, за нивна адаптација и нова намена;
Вклопување во ДУП на зградата на француските милосрдни сестри (популарно наречена „зградата на
калуѓериците”) и нејзина пренамена во основно училиште од I до IV одделение и многу други негови ангажмани за почитување на вредното градителско наследство и урбаната матрица на градот.
Името на архитектот и урбанист Љубиша Новаковиќ вечно ќе остане во аналите на културната историја на градот Битола, благодарејќи на неговиот колега и идеен соборец Димитар Димитровски кој во свое име и во името на искрените пријатели ќе ја истакнат професионалната работа и ангажманот на Новаковиќ во заштита на културното наследство на градот, пред се,посветена на својот сакан град, градот Битола.
Изнесувајќи ги во јавноста прилозите: 1) Фотокопија од неговото писмо испратено до надлежните институции во градот против рушење на Стариот театар во Битола; 2)извадок од Информацијата за можните реперкусии од реализацијата на трасата на ул. “Борис Кидрич” и 3)извадок од поглавјето “Градителско наследство” на актуелниот ГУП за град Битола, подготвен во 1999 година подготвен од работниот тим под негово раководство проследни со коментар, Д. Димитровски ќе ја изнесе вистината за активности на архитектот Љубиша Новаковиќ. Во продолжение следуваат прилозите.

I прилог
Фотокопија од писмото испратено до
надлежните институции на градот против
рушењето стариот театар во Битола
(објавено во публикацијата “Битола низ вековите” XI и
XII , Универзитет “Св Климент Охридски” – Педагошки
дакултет – Битола, 2009)
Новаковиќ Љубиша
Дипл.инж.арх.
Ул.Солувска 109,
Битола
До
– Претседателството аа СО Битола
– Извшниот совет на СО Битола
– Претседателството нв ОК на ССРНМ Битола
– Општинскиот комитет на СКМ Битола
– Претседателството на ОСС Битола
– Претседателството на СЗБНОВ Битола
– Претседателството на ОК на ССММ Битола
– Зааодот за заштита на спомениците на културата,
природните реткости и музеј Битола
– Заводот за урбанизам и вроектирање Битола
Предмет: Мислење за урнување иа постојната театарска
зграда во Битола.
На 03.10.1979 година, во текот на работното време и на
моето работно место дознав дека треба да се превземат
итни мерки за формирање на техничка документација за
постојната зграда на театарот што би имала траен
архивски карактер, како би аожело на 15.10.1979. да се
отпочне со урнување на објектот.
Сметам дека одлуката за урнувањето е прерано
донесена заради следното:
1. Градежно-занаетчиските работи на новиот дом на културата се значително одминати, меѓутоа, сеуште
далеку од целосното завршување и предавање на објектот ао употреба. Ова нарочно се однесува на делот
од Домот наменет за театар,
2. Во такви услови, ако се урне објектот, во градот не постои друг објект што би овозможил за добар низ
години ни приближни услови, на и онака денес тешките, за работа на театарот. Од тоа произлегува опасност за стагнирање, назадување и сведување на дилетантско рамниште на театарската дејност и уметност во
Општината.
3. Ќе се послужам со народна поговорка која аели дека луѓето во своите постапки треба два пати да мерат и
еднаш да сечат, Применето на театарскиот објект, произлегува дека ни еднаш не е сестрано измерено а
постојано се сече: театарот ќе се урне, треба да се урне, мора да се урне, пречи, нема никаква архитектонска
вредност, не овозможува услови за работа… и т.н. Ваквите мислења кои постепено добиваа призвук на
притисок егзистираат добри дванаесетина години. Точно е дека кон крајот на 1967 и првите два месеци од
1968 година кога се изготвуваа услови за распишување на општ Југословенски анонимен конкурс за идејно
урбанистичко решение за градскиот центар, објектот на театарот не беше предвиден за задржување и
вклопување како и многу други објекти. Тоа беше резултат на битно поинаквите сознанија од денешните
во областа на урбанистичкото и просторното планирање, поинаквата законска регулатива, економски
услови, начин на инвестирање и конечно на поинаквите сваќања и однесувања кон културното наследство во најшироката смиспа на зборот. Со ова не мислам ниту да напаѓам ниту да бранам поедини стручности и
дејности а најмапку поединци, туку да укажам на тоа дека и во дејноста што се вика урбанизам и планирање на просторот, и кај луѓето што повеќе или помалку се бават со таа дејност, се менуваат сознанијата, секако, во позитивна насока. И голема среќа е што до денео не е урнат стариот театар кога можат да се споредуваат волумените на двата објекти, взаемните влијанија и слободните простори околу нив, а што е прилично потешко во фаза на планирање и проектирање, до толку
повеќе што тоа до сега никој не го ни правел за конкретниот случај.
4. Одлуката за урнување се носи а да. не постои нити дефинирана програма за содржината нити проект за
уредување и обликување на надземниот и подземниот дел од просторот пред новиот Дом на културата. Може да се случи, по урнувааето на театрот, заради климатските карактеристики, димензиите на слободниот простор и околните објекти и пропорционапните односи, да се формира одбоен простор што е вон мерките на човекот.
5. Точно е дека зградата иа театарот нема позначителна архитектонска вредност, меѓутоа, не смее
да се изземе од предвид дека таа е доградувана од сите четири страни и формирана во денешниот нејзин изгпед уште во времето на нашиот прв петгодишен план и дека
според тогашните стручни, материјални и технички возможности е дадено најмкогу што тогаш можело да се даде. Спротивно на надворешноста, сметам дека интериерот на гледалиштето има вредности што треба
да се чуваат и за иднината. Тоа е единиот објект во СР Македонија и еден од ретките ао Југославија граден по узор, канон или манир за таков вид објекти во текот на XVIII, XIХ и скоро се до првата половина на XX век. Тоа зборува за отвореноста ва градот во неговото минато за прифаќање иа позитивните светски влијанија во културната свера од една страна, и зрачењето на градот на неговата поблиска и подалечна околина во таа иста сфера, од друга страна – позитивен квалитет што се
чувствува и денес.Што се однесува до историските, националните и други вредности напластени во објектот, сметам дека се поквалафиковани и померодавни мислењата на луѓе со
други стручности отколку што е мојата.
6. Објектот и денес и во иднина ќе има употребна
вредност: мала сцева, експериментална сцена,
младинско-детски или куклен театар, кино сала, сала за
собири на месната заелница, сала за културно-
просветни манифестации на школските институции од
основни до високи (само пред половина година Битола
стана универзитетски град), концертна сала за
таканаречена сериозна музика, диско клуб со пристојна
кубатура на воздух и постдисковска намена за забава и
разонода на младите, музеј за развојот на театарската
дејност и уметност во градот … и т.н. И конечно,
достаточно би било ако само проекциите на цртани
филмови што се одржуваат за децата во неподесната
сала на Работничкиот универзитет се преселат во
театароката сала. Зошто? – сметам дека не е потребен
коментар.
7. Предлагам да се формира работна група од соодветни
стручњаци вон општината во која би влегол и
лроектантот на првонаграденото идејно урбанистичко
решение на конкурсот за градскиот центар во 1968
година и на првонаградениот елаборат за идејно
архитектонско решение на конкурсот за Домот на
културата во 1970 годива (тоа е едно лице) според кој се
нзведува новиот објект. Групата би имала задаток врз
база на дефинирана програма да изработи студија во
текот на неколку месеци и тоа во две алтернативи:
едната – што се нуди и што би се добило и изгубило ако
стариот театар се урне, и втората – што се нуди и ито би
се добило и изгубило ако театарот се задржи и вклопи
во амбиентот. Изземањето на локалните стручњаци не е
заради недоверието во нив туку затоа што тие, без оглед
на израснатоста и развиеносга на средината во која
живеат и делуваат, многу потешко се оолободуваат од
определени замисли, концепции, ставови и надворешни
влијанија во својата и за својага средина. Сметам дека
трошоците за оваа група. споредени со некој комунален
зафат, не би надминале износ потребен за
модернизирање – асфалтирање на еден коловоз со
широчина 7-9 и долажина од нецели стотина метра.
Дури по изработката на алтернативите, нивното
споредување и организирање на јавна дискусија во
месните и други заедници би можеле да се донесуваат
одлуки за “судбината” на стариот театар.
8. Убеден сум дека е возможно да се дојде до издржано
стручно решение за адаптирање на старата зграда по
пат на градежни интервенции, примена ка природни
градежни материјали и елементи од второстепената
пластика на новиот Дом што ќе претставува една
просторна, функционална, обликовна и естетска целина
со новиот објект, Исто така сметам дека со ова не би се
смалиле квалитетите на новиот објект што е вреден да
се истакне во конкуренцијата на една од видните
архитектонски награди за такви остаарувања во
Југославија.
9. Ако нашата општествена заедница смогнала сили да
отпочне со градба на објект каков што е новиот Дом на
културата и кој ќе го доврши убеден сум дека во иднина
ќе смогне исто така сили за зачувување, адаптирање и
вклопување на стариот театар во нешто изменетиот
негов амбиент. Инаку, со урнувањето во овој момент не
се решава никаков битен стопански, урбанистички па
дури ни естетски проблем во градот.
10. Смислени урнувања во градовите се нераздвоен дел
од нивниот растечки и развоен процес. Меѓутоа, има
објекти на кои треба во тој дел од процесот да им се
посветува многу поголемо внимание или време со еден
издиференциран и суптилен приод во секој поглед.
Стариот театар во Битола е премногу заелнички,
градски, општински, републички… да е потребно и
неопходно за него и кон него да формираат свој однос
наредните генерации и наредниот век.
03,10.1979
Битола
Со почит,
II прилог
Изводи од Информацијата за можните
реперкусии од реализацијата на проектираната
траса на ул. ..Борис Кидрич” низ централното
градско подрачје на Битола
(објавено во публикацијата “Битола низ вековите” XI и
XII , Универзитет “Св Климент Охридски” – Педагошки
дакултет – Битола, 2009)
4. Трасата на ул. „Борис Кидрич” гледана од аспект на
заштитата и амбиенталните вредности на културното
наследство
Со сообраќајниот профил на трасата на ул. “Борис
Кидрич” се рушат 10 објекти со својство на споменик на
културата, меѓу кои и куќата во која престојувал Гоце
Делчев во Битола. Во појасите од двете страни на
улицата се рушат објекти со својство на споменик на
културата или вкупно 16 објекти.
Сите објекти со својство на споменик на културата кои
се наоѓаат на трасата на улицата се регистрирани во
централниот регистар и имаат правосилни решенија
дека се ставени под заштита на законот („Сл. Весник на
СРМ” бр. 24/73).
Покрај рушењето на поединечните објекти со својство
на споменик на културата, со пробивањето на ул. „Борис
Кидрич” низ централното градско јадро, би се нарушиле
амбпенталните вредности на одделни улици и на
историското градско јадро, би се нарушила хармонијата
на постојниот органски урбанизам, би се обезличила
физиономијата на централниот градскп простор,
односно градот би го изгубил во голема мерка своето
индивидуално обележје.
Погоре изнесените елементи што го прават аспектот на
заштита на културното наследство не спаѓаат само во
обликовно-естетска категорија, туку имаат свое
нагласено значење за историјата и културата воопшто, а
посебно за историјата и културата на нашиот народ,
народностите и етничките групи кои го населувале ова
подрачје.
Посебна карактеристика на градителското наследство е
и органскиот урбанизам на градот кој се развивал и
обновувал со градби кои со својот волумен, со модулот
на гралба и со архитектонскиот израз ги почитувале
постојните градби и традициите на урбанистичкото и
градителското наследство и хармонично се вклопувале
во органскиот урбанизам, формирајќи притоа,
единствени амбиентални целини, како што се улиците
„Маршал Тито”, „Кирил и Методиј”, „Белградска”, „Јорго
Османо”, „Славко Лумбарко”, „Рузвелтова” и др.
Одговорно може да се тврди дека во ниеден друг град
во нашата држава нема толкава концентрација од
зачувани објекти со својство на споменик на културата
на релативно толку мал простор, каков што е
централното историско јадро на Битола.
Поради своите културно-историски, амбиентални и
естетски вредности старото градско јадро на Битола е
ставено под заштита на Законот и за истото важат
посебни критериуми за градба што произлегуваат од
одредбите содржани во Законот за заштита на
спомениците на културата, а се прифатени и во
Измените и дополнувањата на ОУП.
(Во информацијата се дадени аргументи против
пробивањето на трасата на ул. „Борис Кидрич” од
повеќе аспекти, меѓу кои и од аспект на културното
наследство. Во делот 5.3. од Информацијата дадено е
следното образложение):
5.3. Од аспект на културното наследство:
– Со реализацијата на трасата и градбата во појасите од
двете страни на улицата, се рушат 16 објекти со
својство на споменик на културата;
– Неповратно се губат амбиенталните вредности на
централното градско подрачје, а со тоа и
индивидуалната физиономија на Битола;
– Грубо се разорува централното ткиво и органскиот
урбанизам со праволиниската ортогонална сообраќајна
шема, туѓа на нашите стари градови;
– Заради економска сметка за што поефтин м2 станбена
површина се градат објекти со висока густина поголема
од 400 ж/ха (во комплексот на Старата болница
густината изнесува 900 ж/ха);
– Високата густина создава супер-структури кои грубо ја
нарушуваат создадената градителска хармонија на
централните градски простори.
6.0. Заклучок
Имајќи ги предвид изнесените аргументи од повеќе
аспекти за пробивањето на трасата на ул. „Борис
Кидрич” низ централното градско подрачје, а
прифаќајќи ги заедничките ставови на Службата за
заштита и на работниот тим што ги подготви Измените и
дополнувањата на Основниот урбанистички план на
Битола, се заклучува дека:
„Архитектонско-урбанистичкото наследство на гралот е
исклучителна културна вредност, негова потврда и
идентитет и воопшто важен обликовен елемент во
барањето на нови квалитети”;
„Просторите на историското градско јадро се
највредните простори во градот, чија ремоделација и
анимирање бараат посебен третман на смислена урбана
интерпретација, посебно кога се работи за јасен
континуитет на градот и обликување на една
хармонична и единствена градска структура”;
„Реконструкцијата на централното градско подрачје и на
другите изразити културно-историски и амбиентални
целини ќе ќе биде предмет на многукратно вреднување
и осетливо проценување на вредноста на секоја урбана
функција, почитувајќи ги, притоа резултатите од
изработената секторска Студија за културно- историско
наследство на град Битола со спецификите на
урбанистичко-архитектонскиот израз и историско-
амбиенталните целини”.
Делегатите на Собрането на општина Битола при
разгледувањето и усвојувањето на Просторниот план на
Општината и на Измените и дополнувањата на
Основниот урбанистички план на Битола, донесоа
Одлука во која. Помеѓу другото, стои:
1. Трасата на улицата „Борис Кидрич” во потегот од
пресекот со улица „Климент Охридски” и „Ленинова^ до
пресекот со новата траса на ул. „Горги Наумов” да не се
реализира до 1985 г.
2. Да не се продолжи со градбата на новите станбени
кули во комплексот на поранешната болница, туку да се
завршат само оние кои се започнати со градба.
Коментар:
Оваа информација беше подготвена во 1978 г. од страна
на Заводот за заштита на спомениците на културата,
природните реткости и музеј – Битола, со активно
учество на Љ. Новаковиќ во пишувањето на
текстуалниот дел и изработката на графичкиот прилог
во размер 1:500 (што ја опфати целата проектирана
траса на улицата заедно со страничните појаси) од
пресекот со улица „Широк сокак” до пресекот со улица
„ Васко Карангелевски”.
Тежината на оваа Информација од 1978 г. (која, за жал,
не може целосно да се презентира) беше многу повеќе
од стручна анализа или елаборат. Таа стана „правен
акт” врз основа на кој се донесе Одлука за стопирање
на рушењето на дел од централнто градско подрачје на
Битола. А парафразирани извадоци од неа беа изнесени
во еден од клучните реферати на Симпозиумот одржан
во 1979 г. во Тетово на тема: „Современата
урбанизација и заштита на градителското наследство во
СРМ”, кои беа високо оценети според анализата на
изнесената проблематика, карактеристична и за сите
стари градови во нашата држава.
Подоцна, како пасиониран љубител на културно-
историското наследство, Љ. Новаковиќ веднаш ја
прифати пројавената иницијатива за одржување на
Симпозиум за заштита и афирмација на градителското
наследство. Таа иницијатива беше прифатена од
Ректоратот на универзитетот „Св. Климент Охридски” во
Битола, па на 12.1.1994 г. е одржан прв состанок на
Иницијативниот одбор, каде во присуство на истакнати
научни и културни работници е донесен заклучок таков
симпозиум (под покровителство на МАНУ) да се одржи
во Битола, во месеците септември-октомври 1994 г.
Меѓутоа, од непознати причини, овој заклучок не беше
поддржан од Министерството за култура, поради што не
дојде до неговата реализација. Тоа не стана пречка
своите ставови во однос на оваа проблематика, Љ.
Новаковиќ подоцна да ги вгради во графичкиот и
аналитичкиот дел на Третите измени и дополнувања на
ГУП за град Битола.
III прилог
Извод од поглавјето XVI „Градителско
наследство”
– во актуелниот ГУП на град Битола
(објавено во публикацијата “Битола низ вековите” XI и
XII , Универзитет “Св Климент Охридски” – Педагошки
дакултет – Битола, 2009)
XVI Градителско наследство
Битола спаѓа во онаа категорија градови во кои е и
денес читливо напластувањето на вековните искуства со
сите елементи на преклопување, судирање и
усогласување на различни цивилизациски влијанија. Од
тоа произлегува дека Битола има своја културна и
урбана специфичност која не може и не смее ни во еден
момент да се заборави. Прво правило во третирањето
на просторните системи е да се утврди физикалноста и
уникатноста на дадената населба како агломерација со
сите локални карактеристики. Гледано од аспект на
историските текови, специфичноста и уникатноста на
Битола имаше не само просторно-физички одредености
туку и културолошки, кои најмногу се манифестираа во
градителството како интегрална форма на создавање
на материјални општествени вредности.
Тоа што во овој момент е посебно важно е менувањето
на односот кон тоа наследство, од позиција на поинакви
гледања за разлика од многуте досегашни, претежно
практицистички, базирани на импрортирани ставови и
филозофии, лишени од мудроста на локалната средина
и неговата богата традиција. Во таа смисла во
изминативе две децении надлежниот Завод за заштита
на спомениците на културата врши посгојани
дополнителни согледувања на овој план, кои во
согласност со постојната законска регулатива се
спроведуваат преку детални урбанистички планови. Со
таквиот начин на работа треба да се продолжи и во
наредниот период. Притоа, треба да се води сметка да
не се западне во друга крајност и старото градско јадро
да добива третман на статичка театарска сценографија.
– Се прифаќаат четирите зони што го формираат
заштитеното подрачје од аспект на градителското
наследство:
– Се прифаќаат заштитените и валоризирани поединечни
комплекси, заштитени улици или делови од улицп како
амбиентални целини, заштитените поединечни
монументални објекти, заштитените култни места,
чешми, шадрвани меморијални комплекси, археолошки
локалитети и заштитените зелени површини, поединечно
наведени во аналитичкиот дел на планот означени во
графичкиот прилог „Градителско наследство и
заштитени зелени површини”.
– Што се однесува до заштитените комплекси (како
Старата чаршија, Интифа, улици како амбиентални целини и сл. ), ќе се изработуваат детални урбанистички планови, во кои надлежниот Завод за заштита ќе партиципира со понатамошни детални согледувања за секој објект поединечно од аспект на заштита на градителското наследство, како и посебни елаборати.
Неприфатливо е во ваквите комплекси да се инсистира на забрана на вметнување на нови или проширување на веќе постојните функции. Таквите забрани претставуваат присилна петрификација на изминатите времиња во тие комплекси и се во спротивност со реалниот живот.
– Објектите што се наведени како евидентирани споменици на културата со споменично својство од„Неостилска (Романтичарска) архитектура” не се
предмет за нивото на ГУП. Таквите објекти ќе бидат предмет на внимание при изработка на деталните
урбанистички планови, во чија изработка, исто така, ќе партиципира надлежната служба за заштита, пред се, со утврдени ставови и напишани образложенија – зошто и што се заштитува кај таквите објекти?
Да нема дилеми, се што е стратешка опредлба во
новелираната Секторска студија за градителското
наследство, се прифаќа и вградува во ГУП.
Коментар: Стратешките определби за заштита на градителското наследство кои беа негова и заедничка определба на сите членови на работниот тим, тој успешно ги формулира и ги вгради во новиот ГУП на Битола. А кога работниот тим не беше повеќе во полн состав, тој го презеде целиот товар врз себе како раководител на проектот, истиот да биде успешно и навреме довршен. Тоа е потврдено со висока оцена од страна на рецензентите и на Собранието на општина Битола, како и од надлежното министерство во владата
на РМ. Притоа, треба да се истакне и фактот што од сите ГУП-ови што во тоа време беа финансирани од државниот буџет (со партиципација на општините)единствено беше завршен и предаден ГУП за град Битола, што несомнено беше и заслуга на раководителот на проектот дипл. инж. арх. и урбанист планер Љубиша
Новаковиќ.
Т.Каранфилов Македонска Нација