И оваа година во подпелистерското село Цапари се одржа традиционалниот василичарки карневал. Жителите на селото велат дека нема податок кога почнал, но знаат дека во средината на минатиот век имаше обида за забрана од тогашните власти. Има верувања дека Цапарскиот карневал е постар од Вевчанскиот.

Фотографија од Карневалот во Цапари 1930 г.

Денеска на карневалот имаше маски од секојдневието во кое живееме.

Започнаа синоќа, повеќето групи тргнуваат од различни места, попатно застануваат по куќите, а потоа на средселото се собраа сите каде продолжија и денеска.

Фотографии од Цапарски Карневал Бабари