Не многу далечната 2016 г. во Битола на ул.„Партизанска”, во ноќниот клуб „Расчекор” околу 02,15 часот од страна на поголема група на лица беше извршено насилство на начин што со употреба на шипки, стаклени чаши и шишиња започнале да удираат во клубот со што предизвикале чувство на страв и несигурност кај присутните, кои во паника го напуштиле објектот.

Од страна на обезбедувањето од агенција за обезбедување, при обид да бидат спречени, биле физички нападнати од учесниците во насилството со употреба на физичка сила (тупаници и клоци), како и со стаклени шишиња, чаши и метални палки. Со насилството тогаш беше предизвикана е материјална штета од околу 100.000 денари.

Ова е мало потсетување како не треба да ја поминете оваа ноќ, да намалите со алкохол и други глупости зошто вечерва е најголемиот христијански празник, Велигден, денот кога се слави Исусовото Воскресение, денот кога животот ја победи смртта, а доброто – злото.

За многу години празникот, бидете весели, убави, паметни и љубени.