Исто како и минатата година,Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници организира бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички центри.
Поводот за овој настан е одбележувањето на светскиот ден на туристички водичи кој се одбележува секој 21-ви февруари.
Нашите лиценцирани водичи, на ден 19.02 ќе ви ја претстават Битола онака како што тоа го прават пред многубројните туристи. Во период од околу 2 часа, со голема посветеност, љубов и локал патриотизам, ќе ви ја доловат Битола онаква каква што некогаш била, центар на овај дел од Европа.
Ќе имате можност да ја слушнете приказната за Офицерскиот Дом, Мустафа Кемал Ататурк и неговата тинејџерска љубов, браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија, ликовната колонија Мал Битолски Монмартр…..
Првата тура започнува во 11:00ч од пред Музејот на Град Битола, втората тура започнува во 12:00 од пред Саат Кулата. Водичи на овие бесплатни тури се Горан Пинза и Исидор Балојани.
Ве покануваме на една поинаква неделна дружба и прошетка по Широк Сокак.
Поведете ги и вашите најмлади, Ве уверуваме дека убаво ќе си поминат.