Пред неколку дена од непознати лица на локации низ цела Битола беа отруени многу улични кучиња. Во последно време зачестени беа нападите на дел од нив кон луѓе, а ете сега и обратно. Од едно од отруените кучиња Здружението за заштита и спасување на улични кучиња Animal rescue & care објави и видео. Содржината е вознемирувачка заедно со нивниот текст.

Што сакаме ние да апелираме? Сакаме конечно да се заврши со оваа голгота и за нас, обичните луѓе и за нив, уличните кучиња. Сакаме да бидат прибрани на соодветно место каде ќе бидат згрижени, нахранети и каде некој ќе му подарува повеќе љубов. Сакаме да нема повеќе ниту повредени ни преплашени наши деца и сограѓани. Ова што го правите и вие кои ги трујате и вие кои ништо не превземате за нивно добро и на целата заедница нека Ви служи на чест. Крајно време е да си го ставите прстот на глава и да го решите проблемот кој години се провлекува. Жалосно.

Стоп за труење на кучињата скитници.

Стоп за омразата кон нив.

Стоп и за нашата системска негрижа кон нив и нивното оставање на милост и немилост со што е загрозен и животот на граѓаните.

Објавата на Здружението :

Кучето не преживеа 💔 😪 се надеваме дека таму каде што замина е многу поубаво место од овде 😪🙏🌈☁️
Каде ќе ви оди душата? Дали можете само да замислите низ која агонија поминува кучето? Знаете ли што се случува на сите органи? Која болка е тоа? Шансите според ветеринарот се многу мали. Стискаме палци да се спаси милово што на никој ништо не му згрешило. Пред месец дена и го стерилизиравме. Се трудиш да помогнеш колку што можеш за на крај се да биде залудно.
Само се надеваме дека трујачот еден ден ќе ја почувствува болката низ која врви душава.