Летниот распуст почна и затоа ви препорачуваме слободното време, меѓу другите активности, да го поминете читајќи, цртајќи и боејќи. И читањето е забавно, пробајте ќе се уверите!

Влезете во светот на Приказните со Роуз или исполнете некој час поминат доцртувајќи и боејќи со ликовите од едицијата на Кралска академија.

Во Кралската академија започнува Церемонијата за доделување волшебни миленичиња. Роуз, Тревис, Асторија, Џои и Хаук се љубопитни и нестрпливи да го запознаат своето ново пријателче…Но, во Земјата на Приказните изненадувањата никогаш не престануваат! Деталите откријте ги во насловот „Големата Церемонија“.

Динамична девојка Роуз која секогаш доцни, има две големи страсти: чевлите и приказните. Но, никогаш немаше помислено дека е внука на Пепелашка! Откриј ги со неа Кралската академија и необичните и возбудливи авантури кои ја очекуваат! Насловот „Училиште од бајките“ги крие сите овие тајни.

Ако сакате малку креативност и забава тука се боенките „Обој и нацртај“ со многу лепенки. Цртајте, бојте и комбинирајте по ваш избор. Роуз, Хоук, Асторија Џои и другите ликови чекаат на вас да го оформите новиот албум и истовремено да ја доживеете магијата на Роуз.

Добра забава!