На реномираната страна за патувања и храна Lonelyplanet.com со наслов “Турнеja за храна: Позади сцената во највкусните дестинации во светот” во ТОП понудата помеѓу Нова Шкотска-Канада, Италија, Кариби, Мароко, Тасманија-Австралија, Бали и Јордан се најде и нашата Македонија, со Маврово и препознатливата потпелистерска убавица, Вилата Дихово. Во подножјето на националниот парк Пелистер имате можност за вистинска дегустација на регионалната кујна.

Тука локалниот жител Петар даде голем допринос во развивање на алтернативниот туризам во заедницата, адаптирајќи го својот семеен дом во вила за престој и ноќевање, каде за вашето престојување и исхрана сами плаќате онолку што мислите дека треба. Тука ќе се сретните со домашните јадења, вештините и тајните на традиционалното готвење како и дегустација на домашна храна, домашно вино и пиво. Имате можност и за посета на пчелните заедници во ова село, ставајќи заштитна опрема на вас, каде ќе Ви се раскажуваат приказни за блиските средби со мечки, а и прилика за дегустација на вистински шумски мед…

Извор Lonelyplanet.com

Фото непознат извор